13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шолц: Ќе вложам максимални напори Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе вложи максимални напори на Украина и на Молдавија да им даде кандидатски статус, дека ЕУ треба да биде отворена за други земји, но и да се залага за реформи во Унијата кога станува збор за правилата за гласање.

Шолц побарал ЕУ да се придвижи кон надворешнополитичките одлуки со квалификувано мнозинство (што значи укинување на правото на вето на одделни земји), но тешко дека ќе добие поддршка од Франција и некои други земји.

Говорејќи пред пратениците во Бундестагот пред самитот на Европскиот совет закажан за денес и утре во Брисел, Шолц рече дека решително ќе се залага Украина и Молдавија да добијат статус на кандидати за членство во ЕУ и посочи дека таквата заложба носи одредени обврските.

„ Ќе вложам максимални напори во Европскиот совет целата ЕУ едногласно да ги прифати кандидатурите на Украина и Молдавија за членство“ најави германскиот канцелар и посочи дека „И ЕУ мора да биде способна да прифати нови членки“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T