21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓач со нож повредил четири лица во Нов Зеланд

Во Нов Зеланд напаѓач со нож повредил четири лица, пред случајни минувачи да го соборат на земја и да го сопрат, соопшти полицијата.

Претставник на полицијата изјавил дека нападот во Окленд, кој траел помалку од 10 минути, бил случаен и дека осомничените се во притвор.

Било изјавено дека нема индиции дека се работи за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а дека полицијата брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила да дојде до поголем број на жртви.

Се наведува и дека сите ранети се со умерени повреди.

Случајни минувачи кои се нашле на местото на инцидентот го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот на нападот, а еден од нив го соборил со помош на патерици за одење, соопшти полицијата.

Било прецизирано дека мажот носел голем нож и дека имал умерени повреди при апсењето, како и дека поради тоа бил хоспитализиран.

Нов Зеланд беше место на два насилни напади со нож во супермаркети минатата година, а еден е наведен како терористички чин, додека истрагата не го утврди мотивот за вториот напад.

Минатиот септември, муслимански екстремист инспириран од терористичката организација „Исламска држава“ рани пет лица во супермаркет во Окленд пред полицијата да го застрела и да го убие.

И во мај минатата година, клиентите и персоналот во супермаркет во Данедин успеале да спречат вознемирен маж да повреди поголем број на лица, откако ранил четири лица во напад со нож, при што тешко повредил тројца.

Напаѓачот е осуден на 13 години затвор.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Двајца полицајци прободени со нож во центарот на Лондон

M T

Аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер нападната со пиштол, напаѓачот не пукал, но е уапсен

M T

Србин ја избол сопругата со нож

M T

Напаѓачот од Чикаго испукал 70 куршуми и се преправил во жена за да побегне

M T

Напаѓачот во Копенхаген имал психички проблеми

M T

Напаѓачот од Осло одби да објасни зошто го извршил нападот

M T