21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел: „Денеска не е добар ден – Бугарија го блокира процесот“

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изрази незадоволство што во Бугарија нема напредок во однос на отворањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Албанија и рече дека тоа покажува оти консензусот не е добро решение за донесување одлуки во ЕУ.

„Овој случај уште еднаш покажува дека проблемот е во консензусот во одлучувањето. Не можеме да продолжиме затоа што една земја блокира. Денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес за две земји, но не можеме, бидејќи една земјата го блокира целиот процес. Треба да ги разгледаме нашите методи на работа“, подвлече тој, пренесуваат медиумите во регионот.

Истакнал дека, сепак, има една добра вест, а тоа е напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина за енергетиката.

„Тоа е многу важен чекор напред и ќе продолжиме да работиме понатаму. Можно е до крајот на месецот да имаме средба на највисоко ниво“, кажал тој.

Истакнал дека ЕУ мора да направи се за да го направи Западен Балкан дел од својот свет.

Тој изјавил дека тоа ќе се направи со покана на земјите од регионот да учествуваат на состаноците на министрите за надворешни работи на ЕУ и на други собири.

„Мораме да продолжиме да го спречуваме гаснењето на европскиот пламен на Западен Балкан“, изјавил Борел.

Високиот комесар за проширување на ЕУ, Оливер Вархеј, денеска, во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан, изјавил дека сега е време да се донесат одговорни одлуки и истакнал дека Западен Балкан треба да биде дел од ЕУ.

„ЕУ ги сфаќа сериозно сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е време за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел од Европската Унија. Заедно ќе бидеме посилни“, напишал Вархеј на Твитер.

Тој го повикал бугарскиот парламент денеска да го стави на гласање предлогот за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Опозициската ГЕРБ на Бојко Борисов веќе покажа лидерство со нагласување на таков предлог. Сите треба да го сторат истото. ЕУ мора да се покрене“, напишал Вархеј.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

Борел очекува наскоро да биде потпишан договорот за иранската нуклеарна програма

M T

Борел против целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ

M T

Маричиќ: Подготвени сме да обезбедиме непречен тек на преговарачкиот процес

M T

Борел: На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, никој од нас не го губи

M T