10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО)Силен земјотрес го погоди Авганистан, при што загинаа стотици

Во силниот земјотрес во Авганистан загинаа најмалку 250 луѓе, а стотици се повредени.

Претставник на локалната влада изјави за Би-Би-Си дека бројот на загинати најверојатно ќе продолжи да расте.

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер денеска во раните утрински часови погоди делови од густо населените Авганистан и Пакистан, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот погоди област на околу 44 километри од градот Хост во југоисточен Авганистан, а епицентарот бил на длабочина од 51 километар, соопшти USGS.

Фотографиите и видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат повредени луѓе на носилки, урнатини и уништени домови во провинцијата Пактика.

Земјотресот се почувствувал на околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Спонзорирано: