9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Стотици луѓе загинаа во силен земјотрес во Авганистан, почувствуван и во Индија

Во силeн земјотрес во Авганистан загинаа најмалку 250 луѓе, а стотици се повредени. Претставник на локалната влада за Би-би-си изјави дека бројот на загинати најверојатно ќе продолжи да расте.

Повеќето од потврдените смртни случаи се регистрирани во провинцијата Пактика, изјави Мохамад Насим Хакани, шеф на управата за справување со катастрофи на талибанската влада.

Смртни случаи се пријавени и во источните провинции Нангархар и Кост, додаде тој.

Според информациите, јачината на потресот била 6,1 степени според Рихтеровата скала, а се случил раните утрински часови во средата.

Земјотресот погодил област на околу 44 километри од градот Кост во југоисточен Авганистан, а епицентарот бил на длабочина од 51 километар, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Земјотресот се почувствувал во радиус од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа

M T

Лавината на границата меѓу Авганистан и Пакистан усмрти 19 лица

M T

Девет деца загинаа во експлозија во Авганистан

M T

Владата и Синдикатот на новинари и медиумски работници спасија четворица новинари од Авганистан

M T

На скопскиот аеродром синоќа пристигнаа 131 Авганистанец кои работеле во Обединетите Нациии

M T

ЕУ одвојува една милијарда евра за помош на Авганистан

M T