10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шолц: Санкциите кон Русија и нам ни штетат, но се правилен потег

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин ќе испраќа оружје во Украина сè додека е тоа потребно.

Тој рече дека неговото патување во Киев минатата недела и неговата средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски јасно покажале дека Украина ѝ припаѓа на Европа.

„Западот не прифаќа насилен напад врз Украина“, рече тој во говорот пред Германската индустриска асоцијација додавајќи дека поради тоа Украина е многу снабдена со оружје и се воведуваат санкции кон Русија.

„Овие санкции функционираат. Да, овие санкции и нам ни нанесуваат штета. Тие им штетат на нашите компании, но се правилен потег“, рече тој.

Шолц заклучи дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина со испраќање оружје сè додека на земјата ѝ е потребна поддршка.

Спонзорирано: