12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Се огласија и Талибанците: Ги повикуваме сите хуманитарни агенции веднаш да испратат тимови

– Силен земјотрес погоди четири области во провинцијата Пактика, при што загинаа и беа повредени стотици наши сонародници и уништени десетици куќи – објави на Твитер Билал Карими, заменик портпарол на талибанската влада, додавајќи:

– Ги повикуваме сите хуманитарни агенции веднаш да ипратат тимови во областа за да се спречи натамошна катастрофа.

Според локалните медиуми, во разорниот земјотрес загинале најмалку 250 луѓе, а 500 се повредени.

Да потсетиме, земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска во раните утрински часови погоди делови од густо населените Авганистан и Пакистан.

Спонзорирано: