20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
СВЕТ

Републиканците одбија да формираат коалиција со Макрон

Француската конзервативна партија Републиканци денеска ја отфрли можноста за формирање коалиција или договор за соработка со центристичкиот табор на претседателот Емануел Макрон.

„Овој став е речиси едногласен“, изјави лидерот на партијата Кристијан Жакоб за новинарите, пренесува „Ројтерс“.

Коалицијата „Заедно“ на претседателот Емануел Макрон освои 38,48 отсто од гласовите или 245 места во Собранието, покажуваат резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција.

Левичарската коалиција НУПЕС на Жан-Лук Меланшон освои 131 место, „Националниот собир“ на Марин Ле Пен 89 места, додека Републиканците освоија 61 место.

Според податоците на француското МВР, излезноста на вчерашните избори била 46,23 отсто, што значи дека рекорден број гласачи биле воздржани, дури 53,77 отсто.

Спонзорирано: