7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Повеќето од загинатите во земјотресот се во провинцијата Пактика

Најмалку 250 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес што утрово го погоди Авганистан, потврди претставник на локалната власт. Тој посочува дека бројот на загинати најверојатно ќе продолжи да расте.

Повеќето од потврдените смртни случаи се регистрирани во провинцијата Пактика, изјави Мохамад Насим Хакани, шеф на управата за управување со катастрофи на талибанската влада.

Смртни случаи се пријавени и во источните провинции Нангархар и Коста, додаде тој.

Спонзорирано: