12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гутереш: Да го елиминираме нуклеарното оружје пред тоа да нè елиминира нас

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на нуклеарно разоружување на почетокот на тридневната конференција во Виена, на која присуствуваа 80-ина земји, кои потпишаа меѓународен договор за забрана на нуклеарното оружје.

„Да го елиминираме ова оружје пред тоа да нè елиминира нас“, рече Гутереш на конференција преку видеоврска.

Сегашниот глобален нуклеарен арсенал од речиси 13.000 нуклеарни бојни глави е рецепт за можно уништување на планетата, со оглед на светот на конфликти и недоверба, рече лидерот на ОН.

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Петер Маурер, го опиша договорот за забрана на нуклеарното оружје (TPNW) како пресвртница. Договорот, кој стапи во сила во јануари 2021 година, ги обврзува земјите да не се занимаваат со никакви активности поврзани со нуклеарно оружје и повикува да се земат предвид хуманитарните последици.

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, ја истакна итноста за целосно нуклеарно разоружување. Австрија беше еден од иницијаторите на договорот, кој досега е потпишан од 86 земји и ратификуван од 65. Целта е да го прошири договорот за неширење нуклеарно оружје (TPNW), кој стапи во сила во 1970 година.

Има девет земји што поседуваат нуклеарно оружје. Овие земји, заедно со НАТО, не се членки на TPNW. Тоа се Кина, Франција, Индија, Израел, Северна Кореја, Пакистан, Русија, САД и Велика Британија.

Спонзорирано: