12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Демократите и републиканците заеднички го претставија новиот закон за оружје во САД

Американските сенатори, претставници на двете партии, претставија предлог-закон за ограничување на пристапот до огнено оружје.

Овој текст „поддржан од членовите на двете партии е чекор напред и ќе спаси животи. Иако тоа не е сè што сакаме, овој закон е итно потребен“, рече Чак Шумер, лидер на Демократите во Сенатот.

Пратениците рекоа дека најпрво процедурално ќе гласаат за пакетот во вторник навечер, откако ќе ги премостат разликите за прашања како што се абортусот, законите за црвено знаме и семејното насилство.

– Верувам дека оваа недела ќе донесеме закон кој ќе стане најважниот дел од законодавството против оруженото насилство што го усвои Конгресот во последните 30 години. Ова е напредок. И уште поважно, тоа е двопартиски напредок, рече сенаторот Крис Марфи, водечки демократ во преговорите.

– Овој двопартиски закон за безбедност на оружјето е напредок и ќе спасува животи. Иако тоа не е се што сакаме, овој закон е итно потребен – изјави Шумер, лидерот на мнозинството во Сенатот.

Републиканскиот колега на Сумер, лидерот на малцинствата Мич Меконел, го опиша законот како „пакет на здрав разум“ во изјавата која ветува сопствена поддршка.

Бидејќи Сенатот од 100 места е рамномерно поделен, за усвојување на законот ќе биде потребна поддршка од најмалку 10 републиканци.

Спонзорирано: