23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Русите тврдат дека го заробиле целиот баталјон „Ајдар“, реагираше и Кадиров

Припадниците на украинскиот баталјон „Ајдар“ се предале недалеку од Северен Доњецк на припадниците на таканаречените сили ЛНР, објавија утринава прорежимските руски медиуми.

ТАСС јави дека целиот баталјон се предал. Со наведување дека „заврши чистењето на населбата Метелкино“.

– Голем број припадници на баталјонот „Ајдар“ се предадоа, вклучително и нивниот команден персонал – изјави еден од изворите.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави во телеграма дека селото Метелкино е „ослободено“, додавајќи дека Украина загубила 700 луѓе во битката.

Од друга страна, Украина не го коментираше ова прашање.

Спонзорирано: