12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров: САД нема да успеат

САД нема да можат да и го одземат правото на глас на Русија во меѓународните прашања, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

САД нема да можат да ја принудат Русија да се придржува до правилата што ги измисли Вашингтон, изјави Лавров во интервју за ТВ каналот „Русија 1“.

Запрашан што се обидуваат да постигнат САД со испраќање дополнителни пратки оружје во Украина, Лавров посочи дека Вашингтон одамна ги утврдил тие цели, пренесува ТАСС.

„Тие го постигнуваат она што одамна го најавија, дека Русија мора да си го знае местото, дека нема право на глас во меѓународните прашања, дека мора да ги почитува правилата измислени од САД. Тоа е се. Мислам дека разбираат многу добро дека нема да успеат“, рече Лавров.

Претходно, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов изјави дека „испумпувањето на Киев со американско оружје е патот до директна воена конфронтација меѓу најголемите нуклеарни сили“ и дека тоа ќе има непредвидени последици.

Спонзорирано: