10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прва реакција на Москва за кандидатурата на Украина: Одлуката бара зголемено внимание

Одлуката на Европската комисија да ѝ даде одобрение на Украина за статус на кандидат за Европската Унија бара зголемено внимание од Москва, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

Песков, исто така, рече дека би било одлично ако европските лидери влијаат врз раководството на Украина и ги охрабруваат трезвено да гледаат на ситуацијата.

– Би било одлично ако европските лидери би влијаеле врз раководството на Украина, оние кои таму носат одлуки, да ги охрабрат трезвено да гледаат на ситуацијата. И покрај тоа што, секако, се членови на една машина, членови на колективниот Запад, сепак ја разбираат потребата од продолжување на дијалогот, изјави Песков за „Известија“.

Спонзорирано: