12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: Не исклучувам посета на Русија, но под одредени услови

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го посети Киев, каде што се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Мариo Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис на средба со Володимир Зеленски, лидерот на Украина.

За време на посетата на Киев, Макрон даде интервју за телевизијата ТФ1, каде рече дека не ја исклучува посетата на Русија, но под одредени услови.

– За да одиме во Русија мора да се создадат предуслови, но ништо не исклучувам – рече Макрон, додавајќи дека се уште не планира телефонски разговор со Владимир Путин.

Претседателот на Франција изјави за ТФ1 дека Украина треба сама да одлучи дали ќе прифати какви било територијални отстапки за Русија за да се стави крај на војната. Тој додаде дека верува оти нивна должност е да се придржуваат до вредностите на меѓународното право.

Макрон рече дека Франција и Германија нема да водат разговори за прекин на огнот меѓу Украина и Русија наместо Киев, ниту пак ќе понудат какви било отстапки во име на земјата или ќе разговараат за нив.

„Кога ќе дојде време да се собереме на преговарачката маса, Европа ќе разговара за безбедносните гаранции кои произлегуваат од меѓународните договори, кои украинскиот претседател ќе ги спроведе во име на својата нација“, рече Макрон, додавајќи дека тоа ќе доминира во идните разговори со Русија.

Тој рече дека Франција ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно.

– Европа не се обиде да предизвика глобален конфликт, па се ограничи на економски санкции и политичка поддршка за Киев – посочи Макрон.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во посета на Македонија

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T