12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Командант на британската армија: Русија веќе стратешки ја загуби војната, Путин изгуби 25 отсто од својата копнена моќ

Командантот на британската армија Тони Радакин изјави дека Русија веќе ја изгубила војната во Украина во стратешка смисла и дека нејзината армија е ослабена.

Радакин истакна дека Русија има големи загуби на бојното поле, дека ѝ снемува војници и модерни проектили и дека никогаш нема да може да владее со цела Украина.

– Русија направи страшна грешка. Тој никогаш нема да ја преземе контролата над Украина, изјави тој за британскиот ПА Медиа.

Тој додава дека Владимир Путин изгубил 25 отсто од својата копнена моќ поради, како што нарече, мали придобивки.

– Русија веќе стратешки ја загуби војната. НАТО е посилен, Финска и Шведска сакаат да се приклучат. Иако Путин би можел да постигне некои тактички успеси во следните недели, тој ќе ги постигне со големи загуби. Руската воена машина меле секој ден и напредува по два, три, пет километри секој ден. Имаат свои слабости, остануваат без луѓе, проектили на напредни технологии – рече Радакин.

Оценките на шефот на британските вооружени сили се потпираат на дневните извештаи на британската разузнавачка служба, пренесуваат медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T