15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Скандал во Атина: Српски сватови нападнати поради знамето, мислеле дека е руско

Во Атина се случи вистински скандал кога на протестот против војната во Украина помина свадбена поворка, а младенците беа Срби. Демонстрантите го виделе српското знаме, мислеле дека е руско и почнале да го тепаат човекот во автомобилот, пишува Нова.рс.

За време на демонстрациите против војната во Украина, младенците поминувале со автомобил, пишува kosmo.at.

Еден маж на свадбената колона со себе имал српско знаме. Кога почнал да излегува од возилото, случајно го свртел знамето. Сепак, на украинските демонстранти тоа им личеше на руско знаме.

Еден од демонстрантите знамето го протолкува како провокација. Додека Србинот се уште бил во автомобилот, Украинецот го нападнал и го удрил. Возачот потоа излегол од автомобилот и го соборил Украинецот на земја, создавајќи вистински хаос.

Полицијата пристигнала на лице место и морала да реагира за да ги раздвои мажите.

Спонзорирано: