14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

САД ќе испратат ново оружје во Украина вредно милијарда долари

Претседателот на САД, Џо Бајден најави дополнително оружје за Украина, вредно милијарда долари.

За новото оружје, Бајден телефонски го известил украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што е наведено, помошта вклучува дополнително артилериско и крајбрежно одбранбено оружје, како и муниција за артилерија и напредни ракетни системи.

Бајден најавил и дополнителни 225 милиони долари хуманитарна помош за украинските цивили. Помошта вклучува снабдување со вода за пиење, критични медицински материјали, како и пари за основните потреби на жителите.

Зеленски се заблагодари за помошта

Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател за испраќањето воената помош.

„САД најавија ново засилување за нашите одбранбени сили, нов пакет поддршка од 1 милијарда долари. Благодарен сум за оваа поддршка, таа е особено важна за нашата одбрана на Донбас“, изјави Зеленски денеска за „Гардијан“.

„Даваме се од себе да ги надминеме предностите на Русите“

„Благодарен сум и на американската влада за мобилизирањето на партнерската помош. Разговарав со Бајден за тактичката ситуација на бојното поле и како да ја забрзаме нашата победа“, рече украинскиот претседател.

„Се разбира, даваме се од себе за да ги надминеме предностите на Русите. Секој ден се борам Украина да го добие потребното оружје и опрема. Она што не можеме да го воведеме е храброст, мудрост и тактички вештини, а нашите херои ги поседуваат овие доблести“, додаде тој.

Русија: Западот индиректно војува со Русија

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја ги обвини западните земји за „индиректна војна со Русија“.

„Сакам да им порачам на западните земји кои ја снабдуваат Украина со оружје – крвта на цивилите е на вашите раце“, рече тој.

Украина ги повикува САД и другите западни земји да и снабдат оружје поради зголемениот притисок од руската армија во источниот регион Донбас.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T