9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Смртната казна е јасен пример за сите платеници

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека смртните казни им се изречени на странски борци во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) „јасен пример за другите платеници кои се борат за Украина“.

„Таква остра казна се чини дека е јасен пример за сите други платеници кои се борат на страната на украинските неонацисти или само имаат намера да им се придружат, бидејќи ова е злосторство против цивилното население во Донбас“, нагласи Захарова, пренесе ТАСС.

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле на украинската страна, беа осудени на смрт од судот на ДНР под обвинение дека се платеници.