9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ушаков: Не ја исклучуваме можноста за средба Путин – Зеленски

Помошникот за надворешни работи на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјавил дека официјална Москва не отфрла директен контакт меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, пренесуваат агенциите.

„Никој не ја отфрла оваа можност, но мора да се исполнат одредени услови и што е најважно, многу детална подготовка. Никој нема да се сретне со Зеленски без причина“, изјавил Ушаков, пренесува ТАСС.

Што се однесува до американскиот претседател Џозеф Бајден, Ушаков рекол дека Путин во моментов не планира да се сретне со својот американски колега.

„Колку што знам, ваква средба се уште не е планирана“, додал тој.

Во однос на руско-украинските преговори, Ушаков кажал дека нема напредок откако Москва го претставила својот нацрт-договор, истакнувајќи дека „сè е запрено“.

Тој потсетил на последната средба лице в лице на руски и украински делегати во Истанбул во април.

„Нашиот ажуриран нацрт беше претставен на 15 април. Во овој момент тоа е последниот нацрт, бидејќи после тоа немаше никаква реакција. После тоа, можеби имало некакви неофицијални контакти по телефон, не на ниво на делегации, туку на индивидуално ниво“, изјавил претставникот на Кремљ.

Спонзорирано: