3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СЗО на вонредна седница ќе ја разгледува ситуацијата со мајмунските сипаници

Светската здравствена организација свика состанок на Комитетот за вонредни состојби на 23 јуни, на кој треба да се оцени дали ширењето на мајмунски сипаници претставува вонредна состојба за јавното здравје во меѓународни рамки.

Највисоко ниво на предупредувања од здравствената агенција на Обединетите нации досега се издадени само за пандемијата од Ковид-19 и детска парализа.

Годинава се пријавени 1.600 случаи на мајмунски сипаници во 39 земји, како и 1.500 сомнителни случаи, додека 72 лица починале, соопшти СЗО.

Спонзорирано: