9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон: Ќе направиме сè за да ја запреме руската армија во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на француските и сојузничките трупи во базата на НАТО во Романија изјави дека ќе направи сè за да го запре напредувањето на руските сили во Украина.

„Ќе направиме сè за да ги запреме руските воени сили, да им помогнеме на Украинците и нивната војска и да ги продолжиме преговорите“, им рекол Макрон на француските војници и војниците од другите земји членки на НАТО во воената база во Романија, пренесува „Ројтерс“.

Макрон вчера ја почна тридневната посета на јужното крило на НАТО во Романија, при што ќе престојува и во Молдавија, а утре најверојатно ќе замине за Киев каде се очекува да пристигнат германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на два неименувани дипломатски извори.

Франција ја предводи борбената група на НАТО во Романија од околу 800 војници, вклучувајќи 500 француски и околу 300 војници од Холандија и Белгија.

Спонзорирано: