21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАЗДРАВЈЕ

Луѓето кои се заразија со КОВИД 19 имаат зголемен ризик да ја развијат оваа болест

Луѓето кои се заразиле со КОВИД 19 може да имаат зголемен ризик од ретки згрутчувања на крвта во окото што го загрозуваат видот со месеци потоа, покажува новото американско истражување.

Бидејќи инфекциите со САРС-КоВ-2 го зголемуваат ризикот од затнување на крвните садови на друго место во телото, научниците проучувале речиси половина милион пациенти со КОВИД 19 за да видат дали ќе развијат згрутчување во вените или ретиналните артерии, нервното ткиво во задниот дел на окото кој прима слики и ги испраќа до мозокот.

Во текот на шест месеци следење, 65 пациенти развиле оклузија на ретинална вена. Иако тој број е мал, тој одразува статистички значајно зголемување од 54 проценти во споредба со стапките пред КОВИД, се вели во извештајот објавен во едно медицинско списание.

Згрутчувањето на ретиналните артерии било за 35 отсто почести по КОВИД 19 отколку пред пандемијата, но таа разлика можеби се должи на случајност.

Згрутчувањето најчесто се јавува кај пациенти со други состојби кои го зголемуваат ризикот од васкуларни проблеми, како што се дијабетес, висок крвен притисок и висок холестерол.

Се чини дека ризикот од згрутчување не е поврзан со сериозноста на инфекцијата со коронавирус. Студијата не може да докаже дека КОВИД-19 предизвикал згрутчување во очите на тие пациенти, истакнаа научниците, велејќи дека се потребни поголеми студии за да се разјасни проблемот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

Мобилна апликација може да детектира Ковид-19 според анализа на гласот

M T

Откриен нов тест за мерење на антитела на Ковид, дознајте СЕ дома

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T

Речиси еден милион луѓе во локдаун во Вухан поради четири случаи на ковид

M T