5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото tccb.gov.tr
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Ердоган и се заканува на Грција: Постапките на Атина може да имаат катастрофални последици, не се шегувам

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бара демилитаризација на неколку грчки острови и се заканува со војна. Многу Грци стравуваат дека заканите нема да запрат тука, пишува Дојче веле.

– Турскиот провладин ТВ канал Хабер Турк емитува емисија за турско-грчката граница. Во позадината на екранот може да се види карта на Турција и Грција. Еден од гостите во студиото, новинарот Гуркан Зенгин, застана со стап пред мапата и ја насочи кон најистакнатата западна точка на турското копно, исцртувајќи вертикална линија на југ.

Тој смета дека тоа треба да биде вистинската граница меѓу Грција и Турција. Сепак, тоа би значело дека неколку грчки острови, како туристичките центри Родос и Кос, ќе станат турска територија. Оваа ТВ снимка последниве денови како шумски пожар се прошири на социјалните мрежи во Грција. Затоа што она што новинарот Зенгин го презентираше на телевизија на многу популистички начин одговара на она што може да се слушне од високи турски политичари во последните денови и недели, пишува tagesschau.de.

Спонзорирано: