13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Амбер Херд не ја обвинува поротата туку социјалните мрежи

Амбер Херд во своето прво интервју по судскиот спор за клевета ја искритикува улогата на социјалните мрежи во текот на судењето во Вирџинија.

Добивај вести на вибер
„Омразата и витриолот што ги добив на интернет за време на судската битка со Џони Деп значат дека немаше фер претставување на случајот на социјалните мрежи“, вели таа.

Пред две недели, поротата во округот Фервакс, Вирџинија, потврди дека нејзините наводи за семејно насилство се клевета и лажни.

Херд, во своето прво интервју по пресудата, рече дека не ја обвинува поротата што му верувала на нејзиниот поранешен сопруг. „Поротниците цели три недели нон-стоп слушаа немилосрдно сведочење за тоа дека сум некредибилна личност“, рече таа.

Ен-би-си во понеделникот објави клип од интервјуто, а остатокот ќе се емитува подоцна оваа недела.

Во текот на судскиот процес поддршката за ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ на социјалните мрежи во голема мера ја надмина таа за Херд, при што многу поддржувачи на Деп упатуваа жестоки критики кон неа и нејзиниот кредибилитет.

Во исечок од интервјуто за Ен-би-си актерката вели: „Не ми е гајле што мисли некој за мене или какви пресуди сакате да донесете за она што се случувало во приватноста на мојот дом, во мојот брак, зад затворени врати.

Не мислам дека просечен човек треба да ги знае тие работи. И затоа не го сфаќам тоа лично.

Но, дури и некој кој е сигурен дека ја заслужувам сета оваа омраза и бес, дури и ако мисли дека лажам, сепак не може да ме погледне во очи и да ми каже дека на социјалните мрежи имало правично претставување.“

Спонзорирано: