32.8 C
Скопје
3. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во Украина Centar Свет ТОП ВЕСТИ

Зеленски: Битката за Севердоњецк е една од најбруталните

Жестоката битка за Северодоњецк ќе остане запаметена како една од „најбруталните“ борби што Европа ги видела, за кои Украина платила „застрашувачка“ цена, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Гардијан.

Украинскиот претседател оваа изјава ја даде доцна синоќа, за време на неговото ноќно обраќање до нацијата, во време кога руските сили се блиску до освојување на Северодонецк, стратешки град на истокот на земјата, пишува британскиот весник.

Тој посочи дека овие борби имаат сериозни последици за цивилите и армијата на неговата земја.

„Цената на оваа битка“ во човечки животи за нас е многу висока“, нагласи Зеленски, додавајќи дека таа е едноставно застрашувачка и дека битката за Донбас несомнено ќе остане запаметена во воената историја како една од најжестоките битки во Европа. “