15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на НАТО: Шведска презеде важни чекори за исполнување на барањата на Турција

Шведска презеде важни чекори за исполнување на барањата на Турција за одобрување на членството на Стокхолм во НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на посетата на Шведска.

Шведска и Финска се пријавија за приклучување кон Алијансата минатиот месец како одговор на руската инвазија на Украина. Нивните барања наидоа на противење од Турција, која е лута поради, како што тврди, шведската поддршка за курдските милитанти и претходната одлука за повлекување на дозволите за извоз на оружје во Турција.

„Го поздравувам фактот што Шведска веќе почна да ја менува својата антитерористичка легислатива и ќе се погрижи правната рамка за извоз на оружје да биде во согласност со идниот статус на земјата како членка на НАТО, со нови обврски кон сојузниците“, рече Столтенберг на прес-конференција одржана заедно со шведската премиерка Магдалена Андерсон.

„Ова се два важни чекори“

„Ова се два важни чекори потребни за да се отфрли загриженоста што ја покрена Турција“. Андерсон рече дека Шведска ги променила своите закони за тероризам и дека во тек е процес на дополнително заострување на мерките.

„Од први јули ќе имаме построги критериуми во законодавството кога е во прашање борбата против тероризмот. Така што Шведска е подготвена да придонесе во борбата против тероризмот“, рече премиерката.

Столтенберг додаде дека крајната цел е Шведска и Финска да се приклучат на НАТО „што е можно поскоро“ и дека е незамисливо сојузниците од НАТО да не застанат во одбрана на Шведска доколку земјата биде нападната.

Спонзорирано: