9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пашилин: Нема да бидат помилувани Британците осудени на смрт

Денис Пушилин, шеф на непризнаената Народна Република Доњецк (ДНР), рече дека не треба да се покажува милост кон двајцата британски државјани, Ејден Аслин и Шон Пинер, кои беа осудени на смрт минатата недела“.

„Пред се, морам да се водам од судската одлука што е донесена. Според природата на престапите што ги направија, не гледам основа или предуслови за нивно помилување“, рече Пушилин, пренесоа руските медиуми.

Тој истакнал дека дошле во Украина да убиваат цивили за пари, пренесува британски „Телеграф“.

„Затоа не гледам услови за какво било ублажување или измена на казната“, рекол тој.

Додал дека судот „изрекол совршено правична казна“ за тројцата борци.

Аслин и Пинер беа војници со договор кои се бореа за украинската 36-та поморска бригада кога беа заробени во април за време на опсадата на фабриката за челик во Мариупол, пренесуваат медиумите.

Додаваат дека Русија и бунтовничките региони во Донбас кои ги поддржува Кремљ ги нарекуваат платеници, а не воени затвореници, што овозможи во четвртокот да се одржи демонстративно судење во Доњецк, на кое беше одлучено заробените борци да се испратат во стрелачкиот вод.

На смрт беше осуден и Мароканецот Брахим Садун.

Брендон Луис, секретарот на Северна Ирска, изјави за „Sky News“ дека владата е „целосно ангажирана“ со украинските власти во обид да им помогне на Аслин и Пинер по нивното „лажно судење“.

„Британците беа легални борци кои служеа во украинските сили и имаа целосно право на заштита на воените заробеници според Женевската конвенција“, рече Луис.

Спонзорирано: