11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Андерсон: Шведска сериозно ја сфаќа загриженоста на Турција

Шведска „многу сериозно ја сфаќа“ загриженоста на Турција во врска со барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, изјави шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Андерсон на заедничката прес-конференција по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека и Шведска и Финска ќе обезбедат безбедност за регионот и НАТО како целина, вклучително и Турција.

Столтенберг во своето обраќање рече дека е неопходно да се обрне внимание на безбедносните проблеми на сите сојузници во НАТО. Шефот на НАТО, исто така, рече дека Андерсон ја потврдила подготвеноста на шведската влада да одговори на загриженоста на Турција. Прашан за разговорите меѓу Шведска, Финска, Турција и НАТО, Столтенберг рече дека не сака да зборува премногу за деталите.

– Мислам дека не би било од голема помош доколку навлегувам во деталите од тие разговори. Тие посочуваат дека Шведска и Финска се подготвени на конкретен начин да ги решат проблемите поврзани со тероризмот – рече Столтенберг.

Потсетуваме, Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај, што е одлука поттикната од руската војна против Украина, која започна на 24 февруари. Турција, долгогодишна членка на алијансата, се спротивстави на нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги тие земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички групи како ЈПГ/ПКК и ФЕТО, пренесуваат медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Во Шведска можна промена на власта: Десниот блок има тесна предност

M T

Антилопа уби вработен во зоолошка градина во Шведска

M T

Шведскиот министер: Одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор

M T