13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Русија бележи зголемување на приходите од нафта

Во првите 100 дена од војната во Украина, Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива, а најголем дел од фосилните горива биле испратени во Европската унија, додека просечната извозна цена била за околу 60 отсто повисока од минатата година.

Според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот во Финска, дури 61 отсто од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската унија.

Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра), според извештајот објавен од АФП.

Најголем дел од приходите од фосилните горива на Русија доаѓаат од сурова нафта (46 милијарди евра), а потоа следи гасот што Русија го извезува преку цевководи, нафтени деривати, природен гас (LNG) и јаглен.

Иако рускиот извоз на фосилни горива падна во мај, бидејќи многу земји и компании го намалија увозот на руска енергија поради инвазијата на Украина, глобалните цени на фосилните горива продолжија да го полнат рускиот буџет, достигнувајќи ги приходите од руските фосилни горива.

Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60 отсто повисоки од минатата година, се вели во извештајот, во кој се истакнува дека некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемиле увозот на фосилни горива од Русија.

„Додека ЕУ размислува за построги санкции кон Русија, Франција го зголеми увозот и стана најголемиот светски купувач на природен гас“, рече аналитичарот на CREA, Лаури Миљвирта.

„Со оглед на тоа што повеќето од овие набавки не се однесуваат на долгорочни договори, тоа значи дека по почетокот на руската специјална операција во Украина, Франција свесно одлучи да користи руска енергија“, додаде таа, пренесуваат медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T