3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Зеленски по средбата со Фон дер Лајен: Европскиот проект не може да се заврши без Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека европскиот проект не може да биде завршен без Украина.

Зеленски во Киев се сретна со Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија (ЕУ), а по средбата заедно се обратија пред медиумите.

– Европскиот проект секако не може да се заврши без Украина – рече Зеленски, говорејќи за процесот за членство на Украина во ЕУ.

Потенцирајќи и дека раководството на Фон дер Лејен им е многу важно, Зеленски додаде:

– Верувам дека во блиска иднина ќе комуницираме со вас на ново ниво на односите меѓу Украина и Европската унија.

Фон дер Лајен претходно престојуваше во Киев. Комисијата на ЕУ се очекува на 17 јуни да објави соопштение за апликацијата на Украина за членство.