20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Hermann Kollinger/Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Нови соеви на омикрон одговорни за зголемувањето на бројот на заразени, летото може да донесе нов бран на инфекцијата

Новиот, летен бран на инфекција со коронавирус и неговото влијание сè уште се неизвесни. Засега е познато дека новите омикронски соеви BA.4 и BA.5 главно се сметаат за одговорни за зголемувањето на бројот на заразени во неколку европски земји, по Јужна Африка и Португалија.

Овие нови подваријанти на омикрон, идентификувани од научниците на почетокот на април во Боцвана и Јужна Африка, најверојатно се појавиле помеѓу средината на декември и почетокот на јануари.

Како што станаа доминантни во поголемиот дел од Јужна Африка, а потоа и во Португалија, тие предизвикаа нови бранови на епидемии во тие две земји.

Во Јужна Африка, „каде што се идентификувани подваријантите BA.4 и BA.5 и каде што инфекцијата со субваријантот BA.4 доминира денес, врвот на епидемискиот бран беше забележан во средината на мај и неговото влијание беше многу умерено.
Но, во Португалија сега преовладува инфекцијата со подваријантата BA.5, а лекарите велат дека инциденцата се зголемува, но сепак на пониско ниво од претходниот бран“, се вели во резимето на француската Национална агенција за јавно здравје, објавено во петокот.

Во последно време се забележува зголемување на бројот на заразени и се повеќе случаи на зарази со нови подваријанти на омикрон.

Во Франција, подваријантите BA.4 и BA.5 постепено доминираат, во споредба со BA.2, која доминира таму од почетокот на годината до неодамна.

Слична е ситуацијата во Обединетото Кралство и Германија. Експертите велат дека досега не е идентификувана подваријанта БА.3 меѓу заразените.

Портпаролката на француската влада Оливија Грегоар зборуваше во средата по состанокот на Советот на министри за благото враќање на епидемијата на коронавирус, истакнувајќи дека здравствените власти се „на готовност“ и дека „нема простор за загриженост“ засега.

Последните неделни податоци од француското јавно здравство ја потврдуваат информацијата за зголемен број заразени и за зголемен број на нови подваријанти на омикрон.

Експертите велат дека за ваквиот развој придонесува и олеснувањето на мерките за јавно здравје и посочуваат дека и двете најнови подваријанти на омикрон се чини дека се шират уште побрзо од неговите претходни подваријанти.

Дали летото, синоним за повеќе активности на отворено, ќе помогне да се спречи потенцијалното ширење на епидемијата?
„Можеме да сметаме на помала инциденца на инфекција во лето отколку во зима, но оваа сезона сама по себе не може да влијае или спречи нов бран на инфекција, а тоа можевме да го видиме во случај на ширење на делтата на коронавирусот во јули 2021 година, кога го имавме четвртиот бран“, велат епидемиолозите.

Засега нема докази за зголемена загриженост за ширењето на подваријантите BA.4 или BA.5 во споредба со другите омикронски подваријанти, велат француските научници, но додаваат дека е „премногу рано за попрецизни податоци“.

Спонзорирано: