3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски потпиша указ за санкции против руските лидери

Претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша указ за воведување лични санкции на руските лидери, вклучително и претседателот Владимир Путин и сите министри.

Санкциите, одобрени од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, се насочени кон сите членови на руската влада и Советот за безбедност, како и против портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тие забрануваат влез во Украина, ги откажуваат визите и дозволите и ги блокираат финансиските средства.

Одредбата стапи на сила во четвртокот, се вели во копија објавена на веб-страницата на украинското претседателство.

Зеленски, исто така, потпиша директива со која се санкционираат 236 руски универзитети и нивните лидери.

Рускиот министер за образование како одговор рече дека тоа нема да влијае на нив.

– Денешната одлука на режимот во Киев зборува за неговата несоодветност и неспособност да ја контролира ситуацијата. Тоа е гест на очај, кој не може да ја спречи интеграцијата на Донбас и ослободените територии – изјави Сергеј Кравцов

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

452 санкции за брзо возење

M T