13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Драстичен раст на новозаразените со коронавирусот во Австрија

Во Австрија повторно расте бројот на новозаразени со коронавирусот, откако во последните недели постојано паѓаше.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 5.144 нови случаи на зараза со коронавирус и пет починати.

Бројот на новозаразени е зголемен за дури 69,5 отсто во однос на четвртокот минатата недела, кога имало уште 3.035 случаи.

Што се однесува до состојбата во болниците, во моментов се хоспитализирани 431 пациент со ковид, а 39 се на интензивна нега.

Експертите причината за новото брзо ширење на инфекцијата ја гледаат во подваријантата на сојот омикрон.

Затоа дел од експертите побараа да се врати обврската за носење маски, за да се „спаси“ летната сезона.

Инаку, австриските власти пресметуваат дека наесен ќе следи нов бран коронавирус за кој ќе бидат потребни епидемиолошки мерки, а не сметаа на бранот во текот на летото.

Спонзорирано: