13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајланд го легализира одгледувањето марихуана, владата донира садници

Одгледувањето и поседувањето марихуана во Тајланд од денеска е декриминализирано, а министерот за здравство на таа земја најави дека од утре ќе подели милион садници од ова растение.

Тајланд е првата земја што донесе ваква одлука во Југоисточна Азија, регион познат по строгите закони за дроги, но употребата на марихуана за рекреативни цели сè уште не е дозволена.

Тајландската влада соопшти дека промовира канабис само за медицинска употреба, предупредувајќи ги оние кои сакаат забава, дека пушењето на јавно место сè уште може да се смета за кривично дело, со потенцијална казна од три месеци затвор и 25.000 тајландски бати (780 долари).

Владата се надева дека локалната трговија со канабис ќе придонесе за развој на земјоделството и туризмот, а за да ги поттикне жителите да го одгледуваат ова растение, одлучи да донира дури милион садници.

„Тоа е можност за луѓето и државата да генерираат приходи од марихуана и коноп. Ако ја имаме вистинската свест, канабисот е како злато, нешто вредно и треба да се промовира“, рече Анутин Чарнвиракул, вицепремиер и министер за здравство.

Клиниките ширум земјата можат послободно да нудат канабис како третман, а владата рече дека планот за легализација има за цел да ослободи околу 4.000 затвореници осудени за злосторства поврзани со канабис.

Статусот на марихуаната сè уште не е целосно законски дефиниран, бидејќи иако таа повеќе не се третира како опасна дрога, тајландските пратеници допрва треба да донесат закон со кој би се регулирала трговијата со марихуана.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и апарати за лабараторија за производство на марихуана

M T

Приведен дилер од тетовско, кај него пронајдени кокаин и марихуана

M T

Хип-хоп тренер од Словенија украл велосипед во Скопје, кај него била пронајдена марихуана

M T

Во дрвен плакар на поткровје скопјанец криел марихуана и кокаин

M T

Жител на неготинско Криволак осомничен за производство на марихуана

M T

Приведени дилери во Битола, затекнати при купопродажба на кокаин и марихуана

M T