14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден: Демократијата е важен елемент за иднината на Америка

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, по големата регионална средба со самитот на Латинска Америка изјави дека демократијата е важен елемент за иднината на Америка.

– Нашиот регион е голем и разновиден. Не секогаш се согласуваме за се. Но, бидејќи сме демократија, на нашите разлики им пристапуваме во меѓусебно почитување и дијалог – посочи Бајден.

Инаку, големиот „Америка Самит“ се одржува во Лос Анџелес. Сепак, претседателите на некои земји како Мексико, Боливија, Гватемала и Хондурас не се појавија.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез ѝ се налути на Белата куќа најмногу поради тоа што ги исклучи Куба, Венецуела и Никарагва.

Самитот на САД треба да ја покаже подготвеноста на администрацијата на Бајден да ги охрабри и обнови врските со земјите од Латинска Америка во време кога Кина многу инвестира во таа област.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

M T

Вучиќ: Економската иднина зависи од успехот на „Отворен Балкан“, можеме да го направиме тоа побрзо, посилно и подобро

M T

Бајден: САД никогаш нема да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје

M T