21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров ја откажа посетата на Белград, Македонија една од земјите што не дозволува лет

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров ја откажа утрешната посета на Белград, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија го забранија неговиот лет. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека посетата се откажува.

Реакцијата на Москва и Белград за затворањето на воздушниот простор за Сергеј Лавров треба да биде заедничка и крајно остра, соопштија властите од Москва.

Официјално, се очекува за тоа да разговара и рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко, со кој денеска разговара претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а кој вечерва ќе им се обрати на граѓаните.

„ Денешниот демарш, се разбира, не е поврзан со авионот. Тој е насочен против Русија како држава и против Србија како држава. Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во формат не само дипломатски протест, но и конкретни, практични одговори“, изјави заменик-претседателот на Советот на Федерацијата Русија, Константин Косачев.

Според него, сегашното колективно одбивање на Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија да го пуштат авионот на Лавров во Србија, без сомнение, не е одлука на овие три земји.

„Со влезот во НАТО, сите три земји сериозно и долго време го загубија својот суверенитет, а Европската унија за нив е само параван во овие срамни околности. Ова е демарш на НАТО, а без САД немаше да постои“, рече тој.

Според него, НАТО со такво директно мешање во билатералните работи на две суверени европски земји кои не се членки на Алијансата, Русија и Србија, се обидува да го „зароби и потчини“ остатокот од Европа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во посета на Македонија

M T

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Маричиќ во дводневна работна посета на Прага

M T

Што можете, а што не можете да понесете со себе од авионот – Еве што земаат патниците како сувенири

M T

Лавров: Европските политичари се патетични со тоа што ги ограничуваат визите за Русите

M T