23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден го повика Конгресот да го забрани автоматското оружје

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да го забрани автоматското оружје, да воведе проверка на податоците за сите оние кои го купуваат и други мерки за контрола на оружјето за да се запре серијата масовни престрелки што ги погодија Соединетите држави.

Во директен пренос од Белата куќа во ударниот термин, Бајден ја праша земјата, згрозена од неодамнешните престрелки во Тексас, Оклахома и Њујорк, колку овие случаи треба да ги променат законите за оружје во САД.

– За волја на Бога, уште колку масакри сме подготвени да прифатиме? – праша Бајден.

Претседателот, демократ, повика на серија мерки на кои историски се спротивставија републиканците во Конгресот, вклучително и забрана за продажба на автоматско оружје или, доколку тоа не се случи, зголемување на минималната возраст за купување на тоа оружје на 18 до 21 година.

„Не можеме повторно да го изневериме американскиот народ“, рече Бајден, притискајќи ги републиканците да гласаат за нацрт-законот со мерки за контрола на оружјето.

За потсетување, САД, кои имаат повисока стапка на смртни случаи од огнено оружје од која било друга богата нација, беа потресени од масовни пукотници во продавниците во државата Њујорк, во основно училиште во Тексас и во здравствена установа во Оклахома во последните неколку недели, пренесуваат американските медиуми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

M T

Бајден: САД никогаш нема да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје

M T

САД: Анкетите покажуваат подобрување на рејтингот на Бајден

M T

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

M T