11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нехамер го поддржува предлогот на Макрон за политичка заедница на ЕУ

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја поддржува идејата на претседателот на Франција за нова политичка унија на ЕУ со можни идни членки како Украина.

Нехамер посочува дека Западен Балкан е исто толку важен геостратешки и додаде дека идејата на Макрон се уште не е конкретна.

„ Потребен ни е меѓучекор, кој е нешто повеќе од кандидатски статус и кој во суштина не менува ништо, туку обезбедува пристапна перспектива“, објасни австрискиот канцелар.

Нехамер ја поддржа таа идеја на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), каде француската иницијатива беше остро критикувана, како што неодамна направи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Нехамер потсети дека Австрија е членка на Европската економска област и дека станала членка на ЕУ во 1994 година. Поддршката за францускиот предлог тој ја образложи со блокадите во пристапниот процес со кои се соочуваат кандидатите. Тој рече дека во моментов нема хомоген став на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ во однос на кандидатскиот статус за Украина.

Нехамер, кој внимателно ја слушаше дискусијата за Украина, подвлече дека не смееме да го заборавиме Западен Балкан.

„ Ако на кандидатскиот статус на Украина и се даде перспектива за надеж, а се двоумиме за Западен Балкан, тогаш регионот нема да го разбере тоа“, им рече тој на новинарите. Австрискиот канцелар посочи дека земјите од Западен Балкан веќе исполниле многу услови за приближување кон ЕУ.

„ Има многу ангажман во регионот и треба да го сфатиме сериозно“, рече тој, истовремено критикувајќи ја незаинтересираноста на другите членки на ЕУ за Западен Балкан.

Тој рече дека, со исклучок на неговите хрватски колеги, тој е првиот премиер на ЕУ кој по долго време го посетил Балканот.

„ Тоа мора да се промени, бидејќи Западен Балкан е геополитички важен како Украина. Мора да се каже така, иако такво нешто не сака да се слушне“, рече Нехамер.

Секако, додава тој, нема потреба да се создава ситуација на конкуренција меѓу Украина и Западен Балкан.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

Фон дер Лајен: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, Украина и Молдавија

M T