12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кралицата Елизабета слави 70 години на тронот

Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платинест јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години од британскиот трон.

Милиони луѓе ширум Британија и светот денеска треба да се придружат во славењето на 96-годишната кралица која владее подолго од кој било претходник, објави британската влада.

„ Им благодарам на сите што учествуваа во здружувањето на заедниците, семејството, соседите и пријателите за да ја одбележат мојата платинеста годишнина во Обединетото Кралство и Комонвелтот“, рече Елизабета.

„ Продолжувам да бидам инспирирана од добрата волја што ми се покажа и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да размислувам за сето она што е постигнато во последните 70 години додека гледаме кон иднината со доверба и ентузијазам“ порача таа.

Поради возраста и неодамнешните потешкотии со движењето, Елизабета мораше да откаже дел од програмата и нејзиното учество на прославите ќе биде ограничено. Дел од свечените должности ќе преземат нејзиниот син и наследник, 73-годишниот принц Чарлс и неговиот најстар син, 39-годишниот принц Вилијам.

На централната прослава нема да присуствуваат 62-годишниот принц Ендрју, кој се спогоди во февруари во случајот обвинет за сексуално злоставување малолетник, и принцот Хари, кој сега живее во Лос Анџелес.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кралицата Елизабета Втора го посети Белград во 1972 година: Тито нареди да ги фатат сите жаби за да може мирно да спие

M T

Зошто кралицата Елизабета никогаш службено не ја посети родната земја на својот сопруг

M T

Кралицата Елизабета го откажа семејниот ручек во пресрет на Божик

M T

Кралицата Елизабета помина една ноќ во болница и ја откажа посетата на Северна Ирска

M T