23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Турција од денеска без негативен тест за коронавирус

Од денеска, за влез во Турција повеќе не е потребен негативен ПЦР или брз тест за корона вирусот на сите гранични премини, пишува весникот Хуриет.

Министерството за внатрешни работи на Турција испрати циркуларно писмо до гувернерите на 81 провинција во таа земја во кое ги информира за укинување на обврската да имаат негативни ПЦР резултати или брз тест за коронавирус за влез во земјата преку сите гранични премини – воздушен, копнен, железнички и поморски.

Претходно, туристите без потврда за вакцинација или потврда за Ковид-19 за влез во Турција мораа да поднесат негативен ПЦР тест направен најмалку 72 часа пред влезот или тест за антиген не постар од 48 часа.

Турција го укина и задолжителното носење маски на 30 мај, а тоа правило остана на сила само во медицинските установи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Откриен нов тест за мерење на антитела на Ковид, дознајте СЕ дома

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T