15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

СЗО со предупредување: Фестивалите и другите собири летово места за ширење на мајмунските сипаници

Светската здравствена организација предупреди на можно ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите големи собири планирани ова лето во Европа.

„ Потенцијалот за понатамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, рече Ханс Анри Клуге, регионален директор на СЗО за Европа. Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани можат да бидат можност и за подигање на свеста и зајакнувањето на заштитата на поединците и заедниците меѓу младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.

Клуге тврди дека претходните истраги сугерираат дека епидемијата на мајмунски сипаници во Европа трае од средината на април. Ова е нумерички и географски најголемото ширење на овој вирус надвор од Западна и Централна Африка, област каде што мајмунските сипаници се ендемични.

Според Клуге укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус придонесе за брзото ширење на мајмунските сипаници во Европа во последните неколку месеци. Иако голем број претходни инфекции се поврзани со сексуална активност, Клуге нагласува дека секој може да се зарази со вирусот.

Бидејќи вирусот не се шири на ист начин како Ковид-19, немаше потреба од воведување мерки за јавно здравје како што беше случај за време на пандемијата на коронавирус, рече Клуге.

„ Но, особено е важно да се нагласи дека сè уште не знаеме дали ќе можеме целосно да го потиснеме ширењето на вирусот“, додаде тој.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

Прв смртен случај во Лос Анџелес од мајмунски сипаници

M T

СЗО: Забавува епидемијата со мајмунски сипаници во Европа

M T

Бразил го потврди првиот случај на мајмунски сипаници кај куче

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

Исповед на маж кој ги прележа мајмунските сипаници: „Врискав од болка“

M T