8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: Москва го цени објективниот став на Кина за Украина

Москва ја цени објективната позиција на Кина за Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Високо ја цениме избалансираната, непристрасна позиција на кинеските пријатели за ситуацијата во и околу Украина. „Ја чувствуваме поддршката на Пекинг во одржувањето на принципиелните пристапи на Русија за изградба на безбедносна архитектура во Европа“, рече министерот за време на конференцијата „Русија и Кина: Соработка во новата ера“.

Тој додаде дека енергетската соработка меѓу Русија и Кина добила стратешки карактер.

– Русија и Кина систематски ги спроведуваат сите одобрени програми за соработка. Енергетското партнерство доби стратешки карактер. Се реализираат големи проекти во областа на индустријата, земјоделството и транспортот – рече Лавров за време на видео пораката на седмата меѓународна конференција „Русија и Кина: Соработка во новата ера“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред неколку дена изјави дека „ослободувањето на Донбас е безусловен приоритет за време на руската специјална операција во Украина“.

– Ослободувањето на регионите Доњецк и Луганск, кои Руската Федерација ги призна како независни држави, е апсолутен приоритет – изјави синоќа Лавров во интервју за францускиот ТВ канал ТФ1.

Тој додаде дека жителите на другите територии на Украина каде што се водат борбите „треба да одлучат за својата иднина“.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Москва: Германија ги помина црвените линии, не требаше

M T

Москва забрани влез на воени функционери од ЕУ

M T

Москва не очекува промени во односите со Велика Британија по изборот на Трас

M T