9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден: Америка не бара војна со Русија

САД не бараат војна со Русија и доколку не бидат нападнати силите на НАТО, Вашингтон нема директно да се меша во воената операција во Украина, пишува американскиот претседател Џо Бајден во статија за Њујорк Тајмс.

– Не бараме војна меѓу НАТО и Русија. Се додека не бидат нападнати САД или нашите сојузници, ние нема директно да учествуваме во тој конфликт, нема да ја испратиме американската војска да се бори во Украина, ниту пак да ја нападнеме руската армија – истакнува американскиот лидер.

Тој додава и дека САД немаат намера да вршат притисок врз Украина со цел Киев да направи територијални отстапки на Русија.

– За време на целата оваа криза мојот принцип беше: „Ништо за Украина без Украина“. Нема да вршам притисок врз украинската влада, ниту приватно, ниту јавно, да направи никакви територијални отстапки – нагласи Бајден.

Според него, Москва е виновна за неуспехот на преговорите меѓу Русија и Украина, бидејќи не ја прекинала специјалната воена операција.

– САД ќе продолжат да работат на зајакнување на Украина и ќе ги поддржат нејзините напори за постигнување решение на конфликтот преку преговори – посочи Бајден, нагласувајќи дека Вашингтон ќе продолжи да работи со сојузниците за антируските санкции, како и за снабдување на Украина со модерно оружје.

Истовремено, тој додаде дека САД не ја повикуваат Украина да изведува напади надвор од нејзините граници и не му дозволуваат на Киев да го стори тоа.

Американскиот претседател вели дека САД не виделе знаци дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје.

– Знам дека многу луѓе ширум светот се загрижени поради употребата на нуклеарно оружје. Во овој момент не гледаме знаци дека Русија има намера да употреби нуклеарно оружје во Украина – пишува американскиот претседател.

Според него, одвреме-навреме руската реторика по прашањето за нуклеарното оружје е „опасна и крајно неодговорна“.

– Секоја употреба на нуклеарно оружје од кој било размер во тој конфликт би била целосно неприфатлива за нас и за остатокот од светот, а тоа би имало сериозни последици – рече Бајден.

Тој наведува и дека не се стреми да го собори сегашното раководство во Русија.

„Колку и да не се согласувам со господинот Путин, САД нема да се обидат да го соборат“, рече Бајден.

На 21 мај Бајден потпиша нацрт-закон за обезбедување воена, економска и хуманитарна помош за Киев. Вклучува и различни распределби кои на еден или друг начин се однесуваат на ситуацијата во Украина. Конгресот ја зголеми сумата на речиси 40 милијарди долари од 33 милијарди што првично ги побара шефот на државата

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T