15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се нормализира животот во Шангај – Се отвораат продавници и трговски центри

Шангај од утре преминува во нова фаза на контрола на епидемијата на Ковид-19, што подразбира постепено нормализирање на животот.

Властите ќе дозволат трговските центри и продавниците повторно да се отворат и луѓето во областите со „низок ризик“ да се вратат на работа, објавија градските власти.

Железничкиот сообраќај исто така ќе продолжи да се одвива нормално, а ќе се зголеми и бројот на домашни летови до градот, објави денеска заменик-градоначалникот Зонг Минг на онлајн прес-конференција, пренесува „Ројтерс“.

Како што беше речено, бројот на лица на јавни места сепак ќе треба да се ограничи на 75% од капацитетот, а за влез сите ќе треба да достават негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Затворањето во Шангај од почетокот на април му зададе сериозен економски удар на најнаселениот кинески град, предизвика дебата за одржливоста на националната политика на нулта толеранција кон Ковид-19 и ги поттикна стравувањата од идни затворања и прекини.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СПАСЕТЕ СИ ГО ЖИВОТОТ И ИМОТОТ – Вака куќата нема да се урне ниту во ЕПИЦЕНТАРОТ на ЗЕМЈОТРЕСОТ

M T

Никој не зборува за овие 4 работи во с****т после триесетите, а треба – СЕ СЕ МЕНУВА!

M T

Препознајте ги симптомите: Ждригавица потенцијална причина за рак

M T

Четири хороскопски знаци ќе се сретнат со љубовта на својот живот до крајот на јули: Другите имаат криза во врските

M T

Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, едно лице го загуби животот

M T

Вклучете го возењето велосипед во секојдневниот живот: Позитивно влијае на координацијата и ја подобрува циркулацијата

M T