23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Единствениот пат кој Кругман го помина во Македонија е промашениот проект на ВМРО-ДПМНЕ до Охрид

Дел од порталите кои се блиски до опозицијата вчера се обидоа да ја спинуваат изјавата на нобеловецот Пол Кругман, кој повика да се инвестира во инфраструктурата, во патиштата и додаде дека верува дека Владата го има адресирано тоа прашање
Што изјави Кругман на Скопскиот економски форум – СЕФФ вистински?

„Она што треба сега да се стори, веднаш и верувам дека се адресира тој проблем е да осигурате дека ако сакате нешто, пример фабрики од Холандија, Германија, ако сакате да користат производство тука, она што е најважно е таа инфраструктура за транспорт“, порача Кругман во Скопје на првиот ден од СЕФФ.

Преку половина милијарда евра, односно 523,6 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти со ребалансот на буџетот. Се инвестира во патниот дел од Коридорот 8 и 10, како и железницата, изградба на магистралните гасоводи, крупни проекти од областа на животната средина, здравството, образованието итн. Јавните инвестиции во инфраструктурата се од особено значење за придвижување на економската активност, но и за привлекување на странските инвеститори.
Како што посочи нобеловецот Пол Кругман на Скопскиот економски форум – СЕФФ, за да дојдат странските инвеститори, потребна е амбициозна агенда за инфраструктурните проекти.

Зошто про опозициски портали ја преврета оваа изјава со „дупки“ по патиштата?
Веројатно затоа што нобеловецот Пол Кругман единствениот пат по којшто помина во земјава е патот –Скопје – Охрид, однозно промашениот проект на ВМРО-ДПМНЕ.

До заминувањето од власт на ВМРО – ДПМНЕ, многу мал број од граѓаните на земјава знаеја за големите проблеми со кои се соочува изградбата на делницата долга 57 километри. По промената на владејачките структури, во јавноста се дозна за бројните пропусти во проектната документација, вклучувајќи ги погрешната категоризација на квалитетот на земјиштето низ кое се пробиваше тунелот „Пресека“, недостатокот на клучки за поврзување со автопатот на околните населени места, грешки во проектирањето на косините, незавршена екпсропријација на земјиште и други недостатоци.

Сите овие недостатоци после години се надминати. Беше потпишан договор за препроектирање, кој опфати над 70 поддоговори за репроектирање и допроектирање на откриените пропусти во проектната документација. Кинеската Ексим банка ги стави на располагање дополнителните средства што се неопходни за довршување на изведбата на овој инфраструктурен проект, се средија и другите договори, клучки, тунели, се заврши се.

Над 95% од трасата е веќе пробиена
Моментално на терен се работи интензивно и до крајот на оваа година ќе ја видиме готова прва подделница. Вкупниот прогрес на автопатот до овој момент изнесува 70 проценти.

Покрај овие 57 километри автопат се градат и уште дополнителни 30 километри пристапни патишта. Проценките на надлежните се дека 95% од трасата на автопатот Кичево – Охрид е веќе пробиена.

Се работи на изградбата на голем број вијадукти, на неколку клучки, паралелно и на алтернативните и пристапни патишта, а исто така активно се работи и на тунелот чиј прогрес во овој момент изнесува 95%.

Спонзорирано: