13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров: Донбас е безусловен приоритет за Русија

Ослободувањето на украинскиот Донбас е „безусловен приоритет“ за Москва, додека другите украински територии би можеле сами да одлучуваат за својата иднина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ослободувањето на регионите Доњецк и Луганск, кои Руската Федерација ги призна како независни држави, е безусловен приоритет – изјави Лавров во интервју за францускиот ТВ канал ТФ1.

Што се однесува до другите територии во Украина, „луѓето во тие области треба да одлучат за својата иднина“, рече Лавров.

Делови од Донбас се под контрола на сепаратистите поддржани од Москва, а битката за Северен Донецк, на источната страна на реката Северски Донецк, беше во центарот на вниманието во последните денови.

Русите постепено, но континуирано го освојуваат Донбас, кој ги сочинува регионите Луганск и Доњецк.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека воената ситуација во Донбас е комплицирана, но одбраната е многу силна и успешно се спротивставува на нападите на неколку места, вклучувајќи ги Северодоњецк и Лисишанск, пренесуваат агенциите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T