18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инцидент во Лувр: Непознат маж ја намачкал „Мона Лиза“ со торта

Во Лувр, маж во инвалидска количка фрлил парче торта на „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи.

Инцидентот се случил вчера, пишува „Марка“. Маж со перика, кој пристигнал во салонот во инвалидска количка, се обидел да ја оштети работата на Леонардо да Винчи. Сликата е зачувана со заштитно стакло.

Така, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека заштитното стакло под кое се наоѓа ремек-делото се претпоставува дека е премачкано со шлаг.

Покрај тоа, на некои снимки се гледа како обезбедувањето на музејот го следи сторителот до излезот. Забележано е дека тој смирено излегува од инвалидската количка и оди.

Безбедносната служба веднаш го одвела напаѓачот. Неговиот идентитет и причините за делото не се соопштуваат.

– Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Сите уметници, помислете на Земјата. Затоа и го направив тоа. Треба да се мисли на планетата – рекол непознатиот сторител.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кенгур кој бил чуван како домашен миленик го нападнал и убил сопственикот

M T

Оваа чоколадна торта од само 5 состојки е готова за неколку минути

M T

Инцидент во авион: Британец нападнал членови на екипажот и патници, удирал по седишта и прозорци

M T

Инцидент во Германија: Русин нападна украински свештеник на улица, полицијата трага по сведоци

M T

Инцидент на седницата на СЗО – Етиопскиот пратеник прекинат поради критикување на директорот

M T

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

M T