21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Оклахома воведе строг закон за абортус

Гувернерот на Оклахома, Кевин Стејт, потпиша еден од најстрогите закони за забрана на абортусот во САД, кој, меѓу другото, им овозможува на приватни лица да ги тужат оние кои им помагаат на жените да ја прекинат својата бременост.

Републиканскиот закон стапува на сила веднаш, со исклучоци само во случај на вонредна состојба, силување или инцест.

„Им ветив на граѓаните на Оклахома дека како гувернер ќе го потпишам секој закон што функционира во корист на животот и горд сум што го одржав тоа ветување“, изјави гувернерот Стит.

Центарот за право на репродукција од Њујорк посочува дека „веднаш ќе поднесе приговор за забраната и ќе побара од него да ја блокира на суд“.

„Оклахома сега е единствената сојузна држава во САД што го забрани абортусот, додека случајот Роу против Вејд се уште е на сила“, соопшти центарот.

Врховниот суд на САД би можел да го поништи правото на абортус дадено со пресудата Роу против Вејд од 1973 година.

Ако Врховниот суд ја поништи пресудата од 1973 година, тоа ќе значи дека абортусот нема да биде дозволен во половина од сојузните држави.

Четири клиники за абортус во Оклахома веќе престанаа да ги даваат своите услуги.

Оклахома до неодамна беше дестинација за жените од Тексас кои сакаат да абортираат по шест недели.

По забраната во Оклахома, жените сега мора да патуваат во Канзас, Њу и Мексико или Колорадо доколку сакаат да ја прекинат бременоста.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Митрески: Aнтифашизмот мора да важи и за политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ да не молчи за законот од СДСМ

M T

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

M T

Тупанчески за А1он: Меѓународен договор не може да се суспендира со закон

M T

Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади

M T

Ангеловска-Бежоска и Бесими: Системскиот Закон за платежни услуги и платни системи стапува во сила на почетокот на следната година

M T

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

M T