13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песочна бура го парализира Блискиот Исток

Во делови од Блискиот Исток, на жителите им е кажано да останат во своите домови, додека летовите се откажани поради најновата песочна бура, за која се вели дека е без преседан во регионот, пренесуваат светските медиуми.

Невремето во последните недели испрати илјадници луѓе од Блискиот Исток во болници, најмалку едно лице загина во Ирак и три во Сирија.

Невремето зафати и делови од Иран, Кувајт и Саудиска Арабија.

Метеоролошките експерти и официјални лица ги обвинуваат климатските промени и слабите регулативи на владите на тие земји за ваквата состојба.

Песочните бури се потпомогнати од сезонските ветрови и се типични за периодот од доцна пролет до лето, велат упатените.

Сепак, според најновите анализи, оваа година бури во Ирак имало речиси секоја недела, почнувајќи од март.

Од Ријад до Техеран во понеделникот небото беше портокалово поради песочната бура, објавија тамошните медиуми.

Ирачките власти прогласија национален ден, апелирајќи до владините претставници и жителите да останат дома, бидејќи се предвидува дека невремето ќе ја погоди земјата по десетти пат во претходните два месеци.

Министерството за здравство подготви резерви на кислород во медицинските установи и областите кои ќе бидат најмногу погодени.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Песочна бура проголта град во Кина

M T